Се урна патнички авион во Конго

13

Неколку лица загинаа кога се урна патнички авион со 17 патници во градот Гома, на истокот од Конго, соопшти канцеларијата на локалниот гувернер.

„Авионот во сопственост на локалната компанија „Бизи Би“ се урна за време на полетување на патот кон градот Бени“, се наведува во соопштението.

Уште не е утврден конечниот број на жртви, јави „Ројтерс“.

Во октомври, осум патници загинаа во пад на авион по полетување од истиот аеродром.

Британската агенција наведе дека авионските несреќи се релативно чести во Конго, поради ниските безбедносни стандарди и лошото одржување на леталата.

На сите комерцијални авиокомпании во земјата, вклучувајќи ги и „Бизи Би“, забрането им е да работат во Европската Унија.