СЗО за заразените со коронавирус: Од вкупниот број на заболени, 14 отсто се здравствени работници

16

Здравствените работници прават три отсто од целокупната светска популација, меѓутоа дури 14 отсто од заразените со коронавирус се медицинските лица, соопшти вчера Светската здравствена организација.

Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус нагласил и ја пофалил работата на здравствените работници во целиот свет на брифингот во Женева.

„Пандемијата сите не потсети на херојаската работа на здравствените работници, кои секој ден се борат со пандемијата. Ги има само 3 отсто во светот, но 14 отсто од заразените во светот се здравствени работници“, рекол Тедрос.