СЗО СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ризикот од омикрон е голем, може да има тешки последици

6

Светската здравствена организација објави дека ризикот од новооткриената варијанта на омикрон е висок.

Во својата изјава утринава, СЗО даде некои инструкции до земјите-членки во врска со појавата на нов вид. СЗО вели дека постои голема веројатност за понатамошно ширење низ светот.

Исто така, СЗО предупредува дека во зависност од карактеристиките на оваа варијанта која сè уште се истражува, може да има сериозни последици.

– Омикрон има невиден број на мутации на спајк протеинот, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз текот на пандемијата – соопшти СЗО, додавајќи дека веројатноста за „потенцијално натамошно ширење“ мутации е „голема“ глобално.

– Постои загриженост за способноста на омикронот да го избегне стекнатиот имунитет – велат од СЗО.

Од организацијата, исто така, предупредуваат дека, во зависност од карактеристиките на оваа варијанта, може да се појават дополнителни бранови на инфекција со ковид-19, што може да има сериозни последици.

Оттаму им порачуваат на државите да ги приспособат „меѓународните мерки за патување“, велејќи дека наскоро ќе издадат дополнителни упатства.

– Имено, постои загриженост за можноста омикрон да избегне стекнат имунитет – додаваат од Светската здравствена организација.