Сиднеј со најголем број случаи на ковид во еден ден и покрај строгиот карантин

10

Австралискиот град Сиднеј денеска регистрираше највисок број нови случаи на ковид-19 во последните неколку месеци, иако е во состојба на строг карантин веќе две недели.

Регионалната влада соопшти дека денеска се регистрирани 38 случаи во Сиднеј, со што бројот на заразени со делта сојот порасна на над 370.

Властите велат дека луѓето ги кршат мерките за карантин со тоа што одат на гости и апелираат граѓаните да седат дома.

„Само треба граѓаните да престанат да се дружат за да успее карантинот. Ве молиме да престанете да одите во посета на луѓе кои се надвор од вашето најблиско семејство. Најблиско семејство значи тие со кои живеете, не значи поширока фамилија или пријатели“, кажа премиерката Нов Јужен Велс, Гледис Берејиклијан.

Денешниот број на случаи е највисок во еден ден во последните 14 месеци. Сиднеј е најголем град во Австралија, со 5 милиони жители, и има наредба за карантин до 17 јули.