Синдикалците и Владата не се договорија за минималната плата и К-15 за јавниот сектор, во среда нов обид

7

Синдикалците останаа без слух од белата палата на Илинденска. На маса паднал муабетот со мубаетот „Ќе“, што за првиот човек на Сојузот на синдикати е неприфатливо.

Револтирани, веднаш по средбата со владините претставници изјавија дека доколку во среда повторно не се договорат ќе следи штрајк, како и можност за организирање на протести, блокирање на фабрики и раскрсници.

Од Влада, преку соопштение, се огласија дека се согласни дека треба и ќе има покачување на минималната плата, дијалогот ќе продолжи од среда, со сите социјални партнери.

„Владата ќе остане конструктивен социјален партнер, кој ќе охрабрува дебата и дискусија за сите важни прашања во општеството, како што е несомнено висината на минималната плата и притоа најави дека веќе во среда е закажана седница на економско-социјалниот совет на која ќе продолжи дискусијата помеѓу сите три засегнати социјални страни на која главна точка на дневниот ред ќе биде токму висината на минималната плата“ – се вели во соопштението на Владата.

Од Синдикатот останаа цврсти на ставот дека мора да има покажување на минималната плата и ги повикаа владините претставници да пробаат да преживеат со сегашниот минималец барем еден месец.

Во среда ќе се знае што ќе биде одлуката, штрајк или покачување на минималецот, односно ќе треба да се знае дали за Владата се прифатливи барањата на Сојузот на синдикати.