Синот на Иванова ги отфрла обвинувањата на ВМРО: Мојата фирма доби тендер во законска процедура

7

Зоран Иванов, син на генералната секретарка на собранието Цветанка Иванова, ги отфрла обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека негова фирма „ДИКОР“ добила тендер за зимско оддржување на патишта во несоодветна постапка, бидејќи, според опозициската партија, неговата фирма дури отпосле ја набавила потребната механизација од Грција.

„Мојата фирма, тендерот распишан од страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за извршување на патни работи во зимски услови на територијата на подрачјето на Штип, го доби во постапка во која ги запази и ги исполни сите неопходни услови. Фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица сиве овие години работи професионално, успешно и целосно почитувајќи ги сите законски прописи и постапки“, реагира Иванов.

Според него, опозициската партија се обидува да го дискредитира него и неговото семејство со, како што вели, целосни лаги и манипулации.