Сити пред нови „проблеми“: Три гиганти во трка за Гвардиола!

6

Како што пишува британскиот „Индепендент“, „граѓаните“ би можеле да бидат казнети и во Англија, со одземање на премиерлигашки бодови.

После веста дека Манчестер сити доби забрана за настап во УЕФА натпреварувањата на две години, веднаш започнаа шпекулациите дека менаџерот Пеп Гвардиола би можел да го напушти клубот.

Титулата е „загубена“ во Премиер лигата, а и веќе се разгледуваат правилата за тоа кој би ги заменил „граѓаните“ во Лигата на шампионите, уште од претходно се шпекулираше заминување на шпанскиот стратег од „Етихад“.

Клубот секако најави жалба, но ваквата казна би можела да биде само почеток на проблемите за Манчестер сити.

Како што пишува британскиот „Индепендент“, „граѓаните“ би можеле да бидат казнети и во Англија. Според нивните извори, челниците на Премеир лигата веќе разговараат за можно одземање на бодови на Сити.

Но, долгорочно тоа би било помал проблем – по казната на УЕФА. Веднаш се појави прашањето за иднината на овој клуб, односно статусот на менаџерот Пеп Гвардиола.

Како нови можни дестинации на Шпанецот се одвојуваат Јувентус, ПСЖ и Баерн Минхен.

Јуве со Маурицио Сари сезонава во Серија А не бележи најдобри резултати и можно е во овој случај Интер или Лацио да ја прекине доминацијата на „Старата дама“. ПСЖ веќе години наназад не може да блесне во Европа, а Баерн Минхен кој веќе има соработувано со Гвардиола во минатото, во последните две години не е така доминантен, иако се врати како лидер во Бундеслигата.

Многу работи во блиска иднина ќе бидат уште појасни кога УЕФА ќе донесе конечна одлука после жалбата на Манчестер сити.