Скандал ја тресе Хрватска: Милан Поповиќ на зимување со судијката што ѝ го одзема старателството на Северина!

29

Судијката Теа Голуб со сопругот и детето – која ја донела пресудата со која заедничкиот син на Северија Којиќ и Милан Поповиќ му го доделува само на таткото, и Милан Поповиќ со синот Александар – се сретнале во ист хотел во австриски ски-центар.

„Ние стигнавме во хотелот во саботата на 4-ти јануари навечер и не сум сигурна дали се сретнавме истата вечер или наредното утро сабајле во ходникот на хотелот“, признава судијката Голуб и додава дека била со семејството, а тој со детето и со друштво.

„Сигурно се поздравивме 4-5 пати бидејќи се сретнувавме во истиот хотел кој има еден ресторан, но никогаш не седевме на иста маса ниту разговаравме за било што, освен што вообичаено од култура се поздравувавме“, потврдила судијката на Општинскиот суд во Загреб, Теа Голуб.

Имено, таа донела пресуда со која старателството над детето на Северина Којиќ и Милан Поповиќ му го доделува на таткото.

„Скијањето го уплативме уште напролет и што требаше, да си заминеме?“, рекла судијката која потврдува дека во тој хотел бил и нејзиниот колега и адвокат од Загреб, кој многумина го виделе, но вели дека освен што се поздравила со Милан Поповиќ, со него немала никаков друг облик на комуникација, ниту била во друштво во кое бил тој и заклучува дека поголемиот дел од времето била со своето семејство.

Свесна дека и колегите судии и адвокатите ја виделе во истиот хотел во кој бил и Милан Поповиќ, Голуб не се ни обидела да негира дека била во тој хотел во кој бил Милан Поповиќ.