Скапата струја може да затвори околу 120.000 бизниси во Италија

0

Италијанската конфедерација на претприемачи – Конфкомерчо, соопшти дека околу 120.000 бизниси се изложени на ризик од затворање од сега до првата половина на следната година поради порастот на цените на енергијата како резултат на војната во Украина, и зголемената инфлација.

Енергетската спирала и инфлацијата од над осум отсто, што се очекува дополнително да расте главно поради скокот на цените на суровините за енергија, „од сега до првите шест месеци од 2023 година загрозува околу 120.000 претпријатија од услужниот сектор“ , објави „Конфкомерчо“.

Загрозени се околу 370.000 работни места, се вели во извештајот.

Трошоците за енергија во услужниот сектор во 2022 година ќе изнесуваат 33 милијарди евра, што е трипати повеќе од 11 милијарди во 2021 година, се наведува и во соопштението. Зголемувањето беше повеќе од двојно од нивото од 2019 година од 14,9 милијарди.