Скопјанецот Козлов почна да се грчи и падна на теренот, па оствари сензационална победа над Димитров (ВИДЕО)

10

Турнирот во Акапулко е еден од најголемите настани оваа седмица во светот на тенисот, а токму во Мексико уште во првото коло видовме големо изненадување кое го приреди 24-годишниот Стефан Козлов.

Козлов кој е роден во Македонија или поточно во Скопје славеше над Григор Димитров со 2-1 во сетови по три часовна битка. Стефан го доби првиот сет во тај-брејкот со 10-8, па воден од тоа поведе со 5-3 во вториот, но само неколку секунди подоцна почна да се грчи поради големи проблеми со мускулот.

Тој падна, легна на теренот, Димитров и медицинските лица дојдоа да му помогнат и продолжи да игра, меѓутоа ги загуби четирите наредни гејмови и Бугаринот со 7-5 израмни на 1-1 во сетови.

Меѓутоа Американецот не се предаде и во завршната битка со 6-3 дојде до триумф по кој му испрати порака на Рафаел Надал.

-Рафа, извини што морав да го прекинам тренингот денеска, -порача Стефан кој во главната ждрепка влезе како лаку лузер и во второто коло може да игра токму со Шпанецот.