Скопје и натаму највисоко на листата со заразени од Ковид-19

146

Скопје остана на листата со најмногу заразени од Ковид 19. Денеска од новите 90 счучи, 36 се од главниот град. Моментално во Скопје има 1.721 активен случај, или досега се заразиле над 2.500 граѓани. Најмногу заразени има во скопската општина Чаир – 394 лица, додека во општините Гази Баба, Бутел, Центар, Аеродром, Бутел и Сарај има над 100 заразени. Од вчера во детската болница Козле почнаа да се хоспитализираат и возрасни пациенти. Директорот на болницата за Алсат вели дека таму моментално се хоспитализирани тројца заразени од корона вирусот.

„Во детската болница Козле се хоспитализирани две дечиња на возраст од пет и две години кои што се со позитивен Ковид 19 наод и уште од вчера се хоспитализирани. Децата се во одлична здравствена состојба. Тие се асимптоматски пациенти. Вчера станавме и центар за возрасни. Имаме 81 годишен пациент, којшто во моментов се наоѓа во нашата болница и е во стабилна состојба“, рече Д-р Ангелчо Андоновски, директор на детска болница Козле.

За разлика од Козле, на Инфективната клиника има 13 нови хоспитализирани пациенти и сега таму има 106 граѓани кои се лекуваат од Ковид – 19. 49 пациенти се на кислородна поддршка и нема ниту еден пациент кој е на механичка вентилација. Во монтажната болница пред Инфективна има11 хоспитализирани пациенти. Нови 12 пациенти се хоспитализирани во болницата „8 Септември“. Таму 132 граѓани се во болнички кревет, а на респиратор се шест пациенти. Во битолската болница има 33 пациенти, а во Штип се хоспитализирани 20. Додека на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти кои се позитивни или ги имаат симптомите на Ковид – 19.