Скопје ќе испрати специјална екипа со термални дронови во Албанија

7

Целиот Балкан е во шок по силниот земјотрес во Драч кој се случи рано утрово, а се почувствува и во Македонија.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов информираше дека ќе биде испратени екипа во Албанија за помош на граѓаните.

„Во договор со градоначалникот на Тирана, Град Скопје кон Драч ќе упати специјална екипа опремена со термални дронови за помош при пребарувањето на преживеани под рушевините. Правиме се’ што е можно за помош во овие трагични моменти“, истакна Шилегов.

Од Министерството за надворешни работи на Македонија информираа дека засега нема информации за повредени или загинати државјани на земјава во Албанија.