Скоро и да нема град во Македонија каде во моментов не е загадено

10

Мерните станици ова попладне се обоени во аларманта црвена боја, што е знак дека загаденоста на воздухот е на значително високо ниво.

Во Струмица се измерени рекордни 362 µg/m3, додека мерната станица во Битола покажува висока концентрација на ПМ честички, дури 242 µg/m3.

Во Тетово пак се измерени 216 µg/m3, што е значително над дозволеното, исто така и во Миладиновци се измерени високи 161 µg/m3.

Воздухот кој го дишеме во речиси сите градови иако е значително загаден, за градските власти не доволен повод за да се активираат мерките против загаденоста.