Славица Кутиров реизбрана за директорка на Царината

12

Славица Кутиров, која од август минатата година е вршител на должноста директор на Царинската управа, избрана е за директор на оваа државна институција. Самата Кутиров оцени дека нејзиниот реизбор е потврда дека квалитетно е менаџирано со Управата во изминатиот период. Славица Кутиров е прва директорка која на функцијата доаѓа како вработена во Царината.

„Ќе продолжам со спроведување на сите законски надлежности и приоритети за развој на институцијата. Во следниот период, целокупното работење го насочуваме кон реализацијата на повеќе проекти кои имаат цел да обезбедат поефикасна наплата на приходите и заштита на финансиските интереси и на општеството, олеснување на трговијата, пред се преку понатамошна дигитализација на царинските и акцизните постапки и интеграција во регионот, како и понатамошна модернизација на ИКТ инфраструктурата и граничните премини“, вели Кутиров.

Таа додава дека се работи во специфични услови заради пандемијата, која налага дополнителна умешност во исполнување на активностите на Царината и непречена прекугранична размена на продукти за снабдување на граѓаните со потребните намирници, но и суровини за производство и извоз на компаниите, вели Кутиров.

Директорката Славица Кутиров е прв директор кој потекнува од самата Царинска управа, каде рабоди повеќе од дваесет години.