Слика на мерилин Монро од Ворхол се продаде за рекордни 195 милиони долари

8

Прочуената слика на Мерлин Монро од Енди Ворхол е продадена на аукција за 195 милиони долари, и стана најскапото продадено уметничко дело од 20 век воопшто. Ворхол ја насликал сликата во 1964 инспириран од позната фотографија. Ова е и најскапо платено американско уметничко дело досега.

Пред аукцијата во Њујорк, Кристи напиша дека сликата е „една од најретките и најтрансцендентни слики што постојат“, со продажна цена околу 200 милиони долари.

Претходната рекордна цена за американско уметничко дело беше 110,5 милиони долари за сликата на Жан-Мишел Баскијат од 1982. Конечната цена за делото на Ворхол го урива претходниот рекорд за уметничко дело од 20-тиот век, поставен во 2015 кога слика на Пабло Пикасо од 1955 се продаде за 179,4 милиони долари.