„Слободен печат“ на терен: Една од девет аптеки има клексан

63

„Слободен печат“ излезе на терен да го бара лекот клексан, против згрутчување на крвта. За оваа антикоагулантна терапија има голема побарувачка бидејќи се користи во третманот на болните од ковид 19.

Прашавме во 9 аптеки во регионот на Карпош, Центар, Ченто и Аеродром од истиот ланец, лекот го немаше во ниту една, пишува Слободен Печат. Наместо Клексан им понудиле заменски лек кој за 14 таблети чини 1.906 денари, но претходно ги упатиле да побараат мислење од специјалист дали таа терапија ќе одговара. Единствено во една аптека имаше Клексан и тоа од 0.4 милилитри по цена од 250 денари за ампула и тоа во еден поголем трговски во трогиот центар на градот.

Министерството за здравство вчера го демантираше пратеникот Антонио Милошоски кој тврдеше дека лекот клексан не е на позитивната листа на лекови.

,,Клексанот е болнички лек. Лага е дека не е а позитивната листа. Истиот се дава исклучиво под надзор на медицинско лице во присуство на лекар или медицинска сестра. Тој може да се купи и од аптека со рецепт препишан само од специјалист, а потоа парите ФЗО ги рефундира”, посочија од Министерството.

Поради пандемијата со ковид 19 потрошувачката на клексан е зголемена секаде во светот. Исто така и кај нас, оваа антикоагулантна терапија во последните месеци се трошела трипати повеќе од вообичаеното.