Словенија го бележи најбрзото ширење на коронавирусот во Европа, секој трет од тестираните е заразен

8

Словенија регистрираше 1.669 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, при што секој трет од тестираните имал позитивен резултат (31,9%).

Премиерот Јанез Јанша вчера во парламентот посочи дека Словенија во изминатите денови го бележи најбрзото ширење на вирусот во Европа и предупреди дека ако негативните трендови продолжат, ќе биде неопходно да се воведат нови затворања. За повторното ширење на заразата тој ги обвини прениската стапка на вакцинирање и недозволените јавни собири и протести.

Во последните седум дена, Словенија имаше дневен просек од 1.067 новозаразени, при што бројот на активни случаи порасна на повеќе од 13.000. Моментално се хоспитализирани 421 пациент со ковид-19.

Според официјалните податоци, 51% од словенечкото население е вакцинирано со две дози.