Словенија најавува постепено укинување на рестриктивните мерки

Додека едни земји се подготвуваат по велигденските празници да му се вратат на животот пред Ковид -19, во други – пандемијата е во полн ек. Минатото деноноќие САД избројаа најголем број на починати лица 1 800 со што бројот достигна 13.000, а на заболени 400.000. Во Франција во изминатите 24 часа починаа 1 427. Во Германија има повеќе од 107 илјади заразени и 2.000 починати.

10

Во Италија земјата со најголем број на жртви од коронавирусот над 17.000, во изминатите 24 часа бројот на починати почна да опаѓа 604. Италијанската влада најави дека по Велигден, за да се избегнат масовните верски собири, постепено, во две фази ќе почне да излегува од блокадата.

Првата – почнување со производствените активности и втората, по 4 мај укинување на мерките за движење. И Словенија најави дека од наредната недела ќе почне да ги укинува воведените мерки против ширење на заразата.

– Ја разгледуваме можноста за отворање на оние претпријатија кои можат да обезбедат работа, следејќи ги препораките за ограничувањето на раздалеченоста на луѓето, како и дезинфекција на рацете и носење заштитни маски, изјави Јанша.

Кај нашите најблиски соседи вкупниот број на заразени, починати но и на оздравени од Ковид 19 расте. Во текот на вчерашниот ден во Косово се регистрирани шест случаи на излекувани од новиот коронавирус, како и нови 19 носители на вирусот, со што официјалната бројка на заразени достигна до 184 заразени. Во Бугарија заразени се 581 лице од нив нови 19. Излекувани се 42 лица.

Во Албанија заразени се 383. Во последното деноноќие едно лице починало со што бројот се искачи на 22. Во Србија заболени се 247 лица а починати 61. Во Грција во изинатите 24 часа има 77 новозаболени. На официјалната веб-страница на институтот Џон Хопкинс се наведува дека над 1,43 милиони луѓе низ светот се заразени, а над 82.000 починале во 184 земји и територии. Нема потврдени случаи во Северна Кореја, Лесото, Таџикистан, Туркменистан и Јемен, меѓу другите.

По повеќе од два месеца целосна блокада, кинескиот град Вухан, кој беше прво главно жариште на коронавирусот, денеска повторно е отворен. Кинеските власти ги отворија патишта што излегуваат од градот и дозволија влез и излез од градот.