Словенија: Опозицијата не успеа да ја урне Владата на Јанша

26

Словенечкиот парламент синоќа не ѝ изгласа недоверба на Владата на Јанез Јанша и да формира ново мнозинство.

Како што пренесува СТА, кандидатот за премиер Карел Ерјавец, беше поддржан од само 40 пратеници или за шест помалку од потребниот број.

Во текот на целодневната расправа во парламентот, опозицијата тврдеше дека го доставила предлогот заради воспоставување демократија во Словенија, која, како што проценуваат, под водството на Јанша се лизга кон автократија.

Опозицијата ја обвини Владата дека не ги почитува основните принципи на Уставот на Словенија, вклучувајќи ги и поделбата на власта, слободата на печатот, остварувањето на човековите слободи и владеењето на правото во земјата.

Јанша во својот говор кажа дека неговата влада направила многу повеќе од претходната и покрај тешката епидемиолошка состојба и го нарече предлогот за недоверба „деструктивна фарса“.