Словенија: Поради коронавирусот отпуштени над 10.000 вработени во туризмот

Поради епидемијата на коронавирусот и ограничувањето на движењето над 10.000 вработени во туризмот во приморските градови во Словенија останаа без работа, информираа од Крајбрежната синдикална организација.

14

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, во овој период лани, 54 отсто од сместувачките капацитети во приморските градови во земјата беа исполнети, а сега поради епидемијата тие се комплетно затворени.

Според најоптимистичките предвидувања, хотелите и рестораните во Копер, Изола, Пиран, Порторож и Анкаран ќе бидат отворени кон средината на мај.

Во Словенија веќе има идеа која се почесто се споменува во медиумите, а тоа е летните одмори Словенците да ги поминат дома во земјата и на тој начин директно да му помогнат на туризмот, тешко погоден од епидемијата на коронавирусот.