Снежен лавиринт во Полска изгледа како бајка

18

Во градот Закопане во Полска, кој важи за популарна дестинација за зимски спортови и туризам, постои најголемиот снежен лавиринт.

Џиновскиот лавиринт е поголем од десет тениски игралишта заедно. За негова изградба работеле 50 работници околу еден месец. Освен фасцинантната ледена структура посетителите ќе уживаат и во внатрешноста на снежниот замок преполн со скулптури и скриени богатства.

Снежната атракција Snowland ќе биде отворена за јавноста во јануари 2020 година. Скулптурите се направени од уметници од Полска и Словачка.