Собраниска делгација на 23. Зимска сесија на ПС на ОБСЕ

3

Делегација од македонското Собрание во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) предводена од Игор Јанушев, шеф на делегацијата, а во чиј состав се и пратениците Моника Зајкова и Халил Снопче, кои се нејзини членови учествуваа на 23. Зимска сесија, што се одржа на 22 и 23 февруари 2024 година во Виена.

Главна тема на овие состаноци било одбележувањето две години откако Руската Федерација ја започна инвазијата на Украина со што, како што било речено, се поткопала европската безбедносна архитектура. Било подвлечено дека напорите да се бара одговорност од Москва и да се зајакнат принципите на Завршниот акт од Хелсинки од 1975 година мора да продолжат, и покрај руските обиди да ја поткопа ОБСЕ.

-Пратеничката Моника Зајкова, член на Делегацијата, учествуваше во работа на Заедничките состаноци каде што се дискутираше за Европската безбедност денес и утре: парламентарни перспективи за иднината на ОБСЕ. Во дискусијата таа истакна дека ОБСЕ, како најголема регионална безбедносна организација, има посебна додадена вредност која може да понуди ресурси и механизми за намалување на тензиите, зајакнување на предвидливоста, враќање на каналите за комуникација и критичкиот дијалог. Неговото богато искуство, знаење и соодветни механизми во доменот на човековата димензија, исто така, се од големо значење за мирно и дипломатско решавање на конфликтите. Во текот на 50 години од своето постоење, ОБСЕ многупати ја покажува својата важност. Завршниот акт од Хелсинки останува единствено достигнување засновано на политичката волја што дава поттик за демократизација на меѓународните односи и што претставува валидна рамка за воспоставување и одржување на еднакви односи меѓу државите учеснички, информираат од собраниската прес-служба.

Таа потенцирала дека парламентарците на ОБСЕ треба да одиграат клучна улога во промовирањето на поголеми инвестиции од националните влади во ОБСЕ. ПС на ОБСЕ мора да биде повеќе ангажирано во одразот на сопственото функционирање и врвот треба да биде градењето поголеми синергии меѓу земјите-учеснички во Организацијата, со целосна почит за нивната независност, но со заедничка цел да се подобри влијанието на ОБСЕ активности.

Понатаму Зајкова нагласила дека мора заеднички да се работи за да се изнајдат решенија и мора да се продолжи борбата за решавање на проблемите затоа што тие вредат да бидат решени како што беше изразено во мотото на Претседателството на Северна Македонија – „За луѓето се работи“.

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни, европски прашања и трговија на Малта Јан Борг, потоа претседателката на ПС на ОБСЕ, Пиа Каума (Финска) и претседателот на австрискиот парламент Волфганг Соботка ја повторија заложбата за продолжување на искрениот дијалог, вкоренет во европските заеднички вредности и заложби. На заедничката сесија се обрати и Генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Шмид, која ја подвлече важноста на силна ОБСЕ за да одговори на тековните предизвици.

Зимските состаноци се состојат од состаноци на секој од трите генерални комитети на ПС на ОБСЕ, Постојаниот комитет на шефовите на националните делегации, две заеднички сесии на генералните комитети и голем број споредни настани. На седниците на генералните комисии се дебатираше за излагањата на независните експерти и претставниците на владината страна на ОБСЕ.

Се разговарало за презентациите на известувачите на Комитетот за нивните идеи и намери во врска со извештаите што се подготвуваат за 31. годишна сесија на ПС на ОБСЕ што ќе се одржи во Букурешт, Романија.

На маргините на оваа Зимската сесија во организација на д-р Кирјакос Хаџијани (Кипар), посебен претставник за Југоисточна Европа на ПС на ОБСЕ се одржал состанок со делегациите на земјите од региотот. Фокусот на состанокот бил разгледување на идните заеднички активности на земјите од регионот со цел на јакнење и унапредување на регионалната соработка.

Парламентарното собрание на ОБСЕ го сочинуваат 323 парламентарци од 57 земји од Европа, Централна Азија и Северна Америка. Собранието обезбедува форум за парламентарна дипломатија, набљудување на избори и зацврстување на меѓународната соработка за исполнување на заложбите на ОБСЕ во врска политичките, безбедносните, економските прашања, прашањата за човековите права и животната средина.