Советникот на ДУИ, Нефи Усеини и неговиот брат се во притвор

7

По шест дена бегство Нефи Усеини советникот од ДУИ во општината Охрид заедно со неговиот брат сами се пријавиле во затворот во Охрид, потврдија од МВР за Канал 5.

Тие од денеска се во осум дневен притвор, мерка што ја одреди обвинителството. Притворот беше одреден откако браќата Усеини го натепале Спирко Топалоски од Охрид а потоа пред неговиот малолетен син му се заканувале со пиштол.

Инцидентот се случил во хотел каде за тепачката сведочеле и снимките од видео камерите на хотелот. Случајот доби своевиден пресврт откако Топалоски два дена по дадената изјава по полиција дека бил нападнат ја промени изјавата и кажа дека добил удар од зад грб и поради стресот што го добил стекнал погрешен впечаток дека Усеини имал пиштол и потенцираше дека со Усени се пријатели. Поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчески за канал 5 објасни дека промената на изјавата не значи дека некој ќе биде ослободен од одговорност. Според него јавното обвинителство треба да утврди дали сега има елементи за лажно пријавување од страна на Топалоски.

“Јавното обвинтиелство треба да утврди дали има елементи за кривично дело лажно пријавуавње на кривично дело од страна на порано оштетениот кој предизвика интервенција на државните органи. Знаете тоа кривично дело малку предизвикува и револт кај граѓаните кога за прв пат ќе се пријави објави дека некој сторил такво насилно кривично дело кај што било употребено оружје, па уште ако е различна националност па тоа да создава дополнителна нервоза паника и омраза.”- Љубомир Ѓурчески – Поранешен началник во МВР

Од Обвинителството велат дека работат на случајот, за кој прибираат материјални докази, сослушуваат сведоци. Охриѓанецот Топалоски велат бил сослушан во текот на минатата недела, но не откриваат каков бил неговиот исказ. Браќата Усеини беа недостапни и во бегство 6 дена по определувањето на притворот. Обвинителството го истражува нападот под сомнение за две кривични дела „насилство“ и „недозволено држење и поседување оружје“