Советот за реформи треба да ја потврди методологијата за прочистување на правосудството

18

Советот за реформи во судството денеска треба да ја потврди методологијата за прочистување на правосудството. Овој процес, како што најави министерот за правда Бојан Маричиќ, е примарен за враќањето на довербата на граѓаните во системот.

-Долги судски рочишта, безброј одложувања, неефикасни постапки. Токму затоа во првите 100 денови со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители интензивно работевме на подготовка на методологија по која следната година ќе се филтрира судството и обвинителството. Ова според нас е најдобриот начин, како фелата сама да си ги прочисти своите редови – рече истакна министерот за правда.

Пред неколку дена, судскиот совет разреши двајца судии од Охрид поради нестручно и несовесно работење, кои имаат право на жалба до Врховниот суд.