Совршенство во три потега: Дали го видовте голот на Франција против Хрватска? 

10

Франција во репризата на финалето на Светското првенство ја победи Хрватска на „Максимир“ со 2-1 во четвртото коло од Лигата на нации.

Антоан Гризман и Килијан Мбапе постигнаа голови за „триколорите“, а двата погодоци беа навистина фантастични.

Вистинско совршенство на фудбалската игра прикажаа Французите при победничкиот гол. Пол Погба со долга топка го пронајде Лукас Дињ на левата страна, а тој му асистираше на Мбапе за гол.