Солшер се спаси од отказ и ќе добие уште една шанса!

8

Тренерот Оле Гунар Солшер се наоѓа под голем притисок, а навивачите бараат негов отказ бидејќи клубот има лоши резултати, сепак „Атлетик“ објави дека Норвежанецот го преживеал итниот состанок во Манчестер и ќе добие последна шанса на кормилото на Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ доживеаа дебакл против Ливерпул (0-5) во Премиерлигата, па сите очекуваа отказ за Солшер, но Норвежанецот ќе го предводи тимот и против Тотнем, кој се игра следниот викенд, а во случај на лош резултат, тогаш ќе му нема спас на тренерот.

Како замена за Солшер се споменува Антонио Конте, кој во моментов нема работа, но кажа дека не би сакал да презема тим сред сезона.