Сомнителната патничка од Милано нема корона вирус

5

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на корона вирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, објави министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи. Ја следиме ситуацијата, постапуваме согласно протоколите на СЗО и продолжуваме редовно да ја информираме јавноста, се вели во објавата на Филипче.

Како што претходно објави Министерството за здравство на својата веб страница, станувало збор за патничка која пристигнала со завчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје.