Сончево со мала локална облачност, температури до 27 степени

10

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 26 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со појава на мала до умерена облачност.