Сончево со мала облачност, ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер

15

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 13 степени.

До сабота времето ќе биде претежно сончево на повеќе места со негативни утрински температури. Зголемена облачност ќе има од недела, а од почетокот на следната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд.