Соочувањето на Албин со себеси

15

Тоа што многумина од неутралниот агол би го нарекувале како позитивно еволуирање или најмалку прагматично (без добра или лоша квалификација), што може да биде во корист на Косово, за Албин Курти може да биде проблем спрема неговите приврзаници

Даут ДАУТИ

1.Албин премиер против Албин бунтовник

Извонреден понеделник, 4 февруари 2020 година, големо олеснување, речиси колективна катарза во Косово. Четири месеци после изборите, Косово стана со Влада „на голема промени“ и „ на надежта“. Заправо, оваа последново, бидејќи после бесмисленото долговлекување на разговорите за коалицирање, се го изгубил лезетот (вкусот). Дека ќе биде поинаку, тоа не се дискутира, дека ќе биде подобро од досегашните влади, можеме да се надеваме. Меѓутоа, дали ќе се исполнува сета тоа „фонтана на желби“ (израз на опозиционерите кон експозето на новиот премиер, Албин Курти), останува да се види. Часовникот започна да вбројува…

„Ние ќе бидеме влада која …“, значи, дека ќе го сториме тоа и тоа, беше најчестата фраза на Албин Курти во презентирањето на владината програма. Една амбициозна програма што се реализира, граѓаните на Косово ќе треба да го прогласат за доживотен премиер. Програма за економски развој, некои новини во банкарскиот систем, социјалната политика, здравството, образованието, враќањето на служењето на воениот рок… се до двојното зголемување на државниот буџет. Тоа се тие нешта што многу бргу треба да се гледаат како функционираат. Има нешта што оваа влада секако ќе ги направи подобро. Објавената борба против корупцијата, непотизмот и другите слични појави, се очекува да биде поефикасна, или најмалку, се помали изгледите сама да тоне во овие појави. Треба да се верува на инсистирањето на првиот човек на владата. За некои нешта што изгледаат идеалистички (на левата идеологија, тие од социјалната област), ќе биде соочување со реалноста, бидејќи едно Косово „на опашката на Европа“ не може да води политики на Шведска или Германија. Нештата имаат основа, а Косово во поранешна Југославија ја имаше последното место во развојот. Тука може да постои објективна разлика меѓу желбите и можностите за да се реализираат ветувањата. Времето не ветува.

Албини Курти некогаш беше несоодветен опозиционер за сите влади. Меѓутоа, тој денеска, од функција на премиер, рече дека ќе има максимална почит кон опозицијата. Но, сегашната опозиција, на првиот ден, немаше воопшто сентименталност околу неговото почитување кон неа. Сегашната опозиција се обиде во едно попладне да ги наведе сите нејзини некогашни зборови и постапки, потенцирајќи ја „предавството“ што сегашниот Албин им го сторил на неговата поранешна активност и особено платформата со која ги освои изборите. Тие му ги броеја насилните протести, ставовите кон Српската листа, што некогаш ги нарекуваше четничка, а денеска за 40 минути се договори да ја стави во Влада, му го спомнувале солзавецот во парламентот и насилството користено во многу прилики.. ..Му го спомна и случајот “Окото на Народот“ (кого Глаук Коњуфца го нарече наместен…), гаѓањето на Парламентот со минофрлач, соборувањето на превозните средства на УНМИК, спротивставувањето на планот на Ахтисари, со кој се поставени темелите на независноста и кој знае што не спомнале. .. Тоа е само почеток за тој некогашниот, додека не треба да се сомнева колку внимателна ќе биде опозицијата кога ќе бараат отчет за дадените ветувања во времето што доаѓа. Меѓутоа, што се однесува до ставот кон опозицијата, ќе биде вистински тест како ќе постапуваше ако таа се однесува, како што се однесувал тој кон властите, кога Албин и неговите другари го доведоа на врвот на носот…

Навистина, тоа што многумина од неутрален агол ќе го нарекува како позитивна еволуција, или најмалку прагматична (без квалификација добро или лошо), што може да биде од корист на Косово, за Албин Курти може да биде сериозен проблем спрема неговите приврзаници. Овој вид на прагматизам, почитувајќи ги симболите на Косово што до вчера ги негираше (нема друг начин ако треба да биде на чело на државата што ги има тие симболи), за неговите приврзаници може да биде дискутабилен. Исто така дискутабилен е и претходниот дискурс за да го претстави себеси како политичар дека само тој го сака националното обединување или знамето на Скендербег … нешто што беше идеал на секој деец за национално прашање и на секој некогашен или сегашен политичар. Во нови околности, тој треба да продолжи да биде премиер на Косово обединета со Албанија, со химна или симболи што ги има (националното знаме го дозволил Тито и не го забранил ниту Милошевиќ, но Косово не беше независно, Косово не беше независна под тие режими, значи, и симболот без државјанство, што ти треба!). Затоа, останува опозициската дилема дека Албин ја напуштил каузата со која ги доби изборите… Но, кога ќе му доаѓаат на дневен ред тешките прашања?

2. ТИЕ дојдоа не молчејќи!

Ганимете Муслиу од ДПК, му се приближи на Албин додека тој зборуваше на говорницата и му ја залепи на сако минијатурното знаме на Косово. Спонтана насмевка и благодарност, беа доволна за да го комплетираат еден од симболичните гестови на инаугурацијата на лидерот на Движењето Самоопределување (Ветевендосје) како нов премиер на Косово. Ганимете Муслиу, која сакаше да му каже дека во која земја е премиер, е една од шесте жени од парламентарната група на Кадри Весели, кои речиси сите зборуваа на денот кога беше избрана новата влада (меѓу нив , и пејачката Елиза Хоџа). Ако ги погледнете местата на Собранието на Косово, се чини дека го окупирале жените, затоа што во број се не помалку од 39! Од Движењето Самоопределување се 11 , од ДСК се 9, од ААК-ПСД 5, додека 8 се од малцинските партии … Секако над 30 проценти од местата им припаѓаат на жените. Добро, би рекол некој, Парламентот на Македонија има 47 пратенички, не малку, во поголем процент (двата парламента имаат по 120 пратеници). Меѓутоа, не само како прв впечаток, туку и во суштина, се чини дека квалитетот е на страна на тие 39 косовски пратенички, чии глас во минатото и сега се слуша повеќе. Но, ете, ако и да биде и погрешен впечатокот дека гласот на кој се слуша повеќе, нештата можат да се споредат и од посуштинска гледна точка. Во големиот број пратеничките во Македонија, не мала улога имаше “квотата“од 30отсто од кандидирањето на жените, што ги наметне лобито на организациите на жените, додека од 39 косовски пратенички 26 биле најмногу гласани на отворените листи каде секако граѓаните гласаат и според впечатокот што му оставиле кандидатите. Колку би бил бројот на жените во парламентот на Македонија доколку списоците (листите) се отворени? Колку им го слушнале гласот пред да се наметне квотата? Во Македонија се помалку жени како, Радмила Шекеринска, кои со нивната активност им се наметнаа на партиите, за разлика од Косово, каде мотивот да се занимава со политика одат заедно и со квалификациите на женските активисти, кои сакаат да бидат во првите редови на процесите.

Значи, со среќа и на овие активистки, кои покрај 30 проценти во парламентот, една од клучните функции, овој пат ја има едно женско (Вјоса Османи), но и во новата Влада со 15 министри, 5 се жени. (Само за информација, Руанда има матријархален парламент, каде жените доминираат со повеќе од 63.8 проценти, а потоа следена е од Куба, со однос половина – половина …!)

3. „Албинизација“ на Вјоса

Меѓу сите, женски најмногу гласови доби,Вјоса Османи, бидејќи таа беше наметната во ДСК како кадар што ветува и беше и кандидат за премиер, што не го постигна поради гласовите на дијаспората. Велат дека без Вјоса, овој изборен резултат на ДСК би бил недостижен. После Албин Курти, таа беше политичар што доби најмногу гласови на изборите. Таа не беше случајно наметната, туку со нејзиниот интелектуален багаж и политичко дејствување во рамките на нејзината партија ДСК, требаше да води долга битка со Албин за да му ја обезбеди на Вјоса функцијата претседател на Парламентот, и на крајот успеа. Само за симболика. Никој во Косово денеска не ја оспорува политичката личност на Вјоса.
Меѓутоа, Вјоса, со седењето на фотелјата на претседателот на Собранието, се погрижи да привлече внимание со постапка што многумина ја нарекоа прво кршење на законот. Таа ја отстрани фотографијата на претседателот на Косово, или како што објасни сама, само го смени место на иста канцеларија и на местото каде стоеше Хашим Тачи, го стави некој за кој рече дека е по инспиративен. Значи, д-р Ибрахим Ругова. И, објасни дека таа добро ги познава законите и дека не направила никаков прекршок.Вшусност, прашањето не е толку едноставна, за што потврдуваат низа реакции, ако гестот го направила еден претставник на „институционалистичката партија“. Поточно, не знаеме точно каде е поставена фотографијата на Хашим, но според протоколарните правила, се знае дека е обврска поставување на фотографија на шефот на државата низ одредени простории по институциите. Не е дозволено ако претседателот е од ривален субјект, или да е омразен од неговата опоненција, да се поигрува со неговата протоколарна позиција, а уште повеќе кога ќе се избере на редовен институционален пат. Политичките несогласувања не треба да се аргумент за да го „преместуваш“ претседателот во некој агол на канцеларијата, за да не се забележува, само што тој направил гест што не му се допаѓа на вашата партија.

Од друга страна, историската улога на секоја личност ја валоризира времето, а не актуелната опоненција што ја „мрази“ априори, ниту неговите приврзаници што го подржуваат априори. Инаку, во институционалистичката пракса е познат и феноменот на кохабитација, кога една влада доаѓа од една или повеќе партии, а на чело на државата се наоѓа од друг субјект, но заради балансот на властите, треба взаемно да соработуваат и да се почитуваат. Гестот на Вјоса се чинеше некако како и многу претходни постапки на непочитување на институциите на Албин Курти. Затоа, Вјоса Османи и група активисти на ДСК ги сметаат како многу бунтовнички (некогаш беа и против нивниот лидер кога беше премиер) и што во иднина може да ја презема водењето на партијата. Сепак, самата Вјоса спомнуваше честопати дека ДСК е државотворна партија (институционалистичка, конституционалистичка …), затоа сега кога е на чело на Парламентот, нејзините постапки треба да бидат заправо во тој дух, а не да возбудуваат емоциите.

Во еден мој коментар деновиве реков дека Хашим Тачи може да направил некоја спорна политичка постапка, за која треба да се оценува, да не се допаѓа на некого дека бил политички претставник на ОВК, или лидер на ДПК, може да го има проблематичен карактерот и може да направил некое непримерно дејствие, било тој, било неговата партија, кон партиите кои денеска се на власт… се може да биде причина за да се антипартизира (израз за речникот!), но тој е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОСОВО, значи, НАЈВИСОКА ПРЕТСТАВНИЧКА ИНСТИТУЦИЈА и избран на легален начин и преместувањето на неговата фотографија е непочитување на ИНСТИТУЦИЈАТА, а не на Хашим. Тоа не треба да се случува и ако некој претставник на некоја друга партија трчал слично во минатото. Законот за државен протокол треба да се почитува од секого. И поради самиот закон што треба да се почитува секоја власт, но и поради политичката култура што треба да го негува секој што се занимава со јавна активност.

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)