Соработникот на Навални тврди: Во неговото тело е пронајдена супстанција која е опасна и по околината (ВИДЕО)

36

Состојбата на рускиот опозиционер и блогер Алексеј Навални е подобрена, но сепак е нестабилна и не дозволува да се транспортира пациентот, изјави главниот доктор на болницата во Омск, каде што беше примен во болница Навални, Александар Мураховски.

„Ноќта помина добро и неговата состојба до некаде се подобрува“ рекол тој.

Тој додаде дека денеска лекарите одржале голема консултација со учество на експерти од центарот „Бурденко“ и центарот „Пирогов“.

„Во секој случај, неговата состојба е сè уште нестабилна. Кога станува збор за транспортирање на пациентот, мислам дека е премногу рано, односно не мислам јас така, туку советот одлучува за тоа. Неопходно е да се постигне здравствената состојба на пациентот целосно да биде стабилизирана. Само во тој случај можеме да зборуваме за тој да може да се транспортира таму каде што сака неговото семејство“, рече лекарот.

Мураховски додаде дека лекарите разгледуваат пет различни дијагнози, но дека тој не може да каже за што станува збор.

„Сите ние се бориме за животот на нашиот пациент“, посочи лекарот.

Опасна супстанција?

Директорот на Антикорупцискиот фонд, чиј основач е Навални, Иван Жданов, рече дека, според претставниците на сообраќајната полиција, во телото на Навални пронашле опасна супстанција, што не е само опасност за него, туку и за неговата околина.

Според него, прашан да објасни за каква супстанција станува збор, полициската претставничка рекла дека станува збор за „тајната истрагата“ дека може да каже само дека се работи за смртоносна супстанција, поради што секој околу пациентот ќе мора да носи заштитен костум“.

Жданов прецизираше дека не знае за која супстанција станува збор. Сообраќајната полиција и лекарите засега не ги коментираат овие обвинувања.

Германскиот „Билд“ пишува дека од Германија полетал специјален медицински авион, кој ќе го пренесе Навални од Омск до Берлин.

Како што се наведува, авионот синоќа слетал од аеродромот во Нирнберг и веќе слетал во Омск.

Да ве потсетиме, Навални се разболе на 20 август на летот од Томск кон Москва. Авионот итно слета во Омск. Лидерот на опозицијата е пренесен во болницата каде паднал во кома.