Соработничка на милијардерот Џефри Епштајн прогласена виновна за злоупотреба на малолетни девојчиња

9

Гислајн Максвел, поранешна соработничка на милијардерот Џефри Епштајн, обвинет за сексуална злоупотреба, беше прогласена за виновна пред њујоршкиот суд под обвинение дека намамила и измамила малолетници за Епштајн кој се самоуби во 2019 година.

Американската порота ја прогласи Максвел за виновна по пет од шест точки поврзани со нејзината улога во сексуална злоупотреба на малолетни девојчиња помеѓу 1994 и 2004 година, од Џефри Епштајн, кој се самоуби во затворска ќелија во Менхетен во 2019 година додека чекаше судење за обвиненијата за сексуална злоупотреба, соопшти „Ројтерс“.

На поранешната помошничка на Епштајн сега ѝ се заканува затворска казна до 70 години, а се соочува и со две точки од обвинението за лажно сведочење, на кои ќе ѝ се суди посебно.