Состанок на Зелен институт со членови на Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата
На барање на Зелен институт како носител на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“, денеска во Парламентот ќе се одржи состанок со членови на Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени.
На состанокот што е организиран преку Татјана Чакулев, координаторка на групата од граѓанскиот сектор, ќе се разговара за реформи на регулативата за урбано зеленило, урбанистичко планирање и градење.
Пред Интерпартиската парламентарна група ќе бидат претставени барањата за измена на Законот за урбано зеленило (2018) и усогласување со Законот за урбанистичко планирање, со Законот за градење и со Законот за прекршоци.