Состојбата станува АЛАРМАНТНА: Само два града во Македонија немаат ковид активни случаи

7

Според последниот ковид пресек во земјава се направени 7.245 тестирањa, а регистрирани се 999 нови случаи на заболени со коронавирус. Пријавени се 14 починати лица, а регистрирани сe 184 оздравени пациенти.

Иако, на почетокот на месецов, голем дел од градовите во Македонија можеа да се пофалат дека немаат ниту нови, ниту активни случаи на коронавирус, состојбата е драстично променета.

Така, со последните бројки, единствени градови во Македонија кои немаат лица заболени со ковид-19 се само Богданци и Крушево. Дојран и Македонска Каменица имаат по еден заболен случај и Демир Капија има три случаи со ковид-19.

Најголем број на активни случаи има во Скопје 2246, следи Тетово со 1330, Гостивар со 927, додека Кичево има 366 и Куманово 422 активни случаи со ковид-19.