Сојузот на средношколци ги објави четирите училишта кои наплаќале за свидетелства

63

Сојузот на средношколци објави дека средните училишта за економија и за медицина од Тетово, скопската гимназија „Зефљуш Марку“ и прилепската гимназија „Мирче Ацев“ се училиштата кои наплаќале пари од учениците за изработка на свидетелства иако истите треба да се бесплатни.

Од таму го повикаа Просветниот инспекторат да интервенира за незаконско наплаќање за свидетелства на своите ученици, а од Бирото за образование бараат одговор зошто се уште не се обезбедени образците по регуларен пат.

Од таму им порачаа на училиштата ги вратите парите што ги наплатиле и да не прават бизнис од јавното образование

– Во година во која наставата беше онлајн со полуобучени или воопшто необучени наставници, срамно е на учениците да им се наплаќа за свидетелства, велат од Средношколски сојуз.