Со крвна плазма третирани се околу 70 пациенти заразени со Ковид-19, расте бројот на пријавени донори

10

Со крвна плазма досега се третирани околу 70 пациенти заразени со Ковид-19, а моментално Институтот за трансфузиона медицина располага со 16 единици конвалесцентна плазма спремна дококлу се појави потреба за третман на пациент, соопштуваат од министерството за здравство (МЗ).

Досега, според Институтот за трансфузиона медицина се обезбедени 88 единици конвалесцентна плазма, од вкупно 53 донори.

„Секојдневно расте бројот на пријавени донори на конвалесцентна плазма од лица кои се излечени од коронавирус. Нивниот висок алтруизам е да помогнат на пациенти со изразена клиничка слика на COVID-19 болест. Апелирам до сите излекувани пациенти да даруваат крвна плазма за да им помогнат на пациентите кои во моментов се борат со вирусот“, изјави директорот на Установата, д-р Седула Усеини.

Крвна плазма можат да даруваат само излекувани пациенти од коронавирусот, односно, тие треба да се пријават преку електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина, достапен на следниов ЛИНК.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 14.341 лица. Моментално има 2.581 активен случај, додека оздравеле 11.157 лица. Од Ковид-19, досега починале 603 лица.