Со трета доза се вакцинирале 499 граѓани

7

Според податоците на Mинистерството за здравство, досега трета доза вакцина против Ковид-19 примиле 499 граѓани.

-Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.845 дози вакцини, од кои 958 се аплицирани како прва доза, 2.813 се ревакцинирани, а 74 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 5 октомври вкупно се вакцинирани 792.174 граѓани, ревакцинирани се 740.822, а трета доза примиле 499 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Министерот Венко Филипче пред неколку дена истакна дека бустер доза на вакцина ќе биде препорачана и за лица под 60 години во земјава, а не само за медицинските лица, хронично болните и постарите, како што беше досега.