Спасовски и Царовска се кандидати за технички премиер

15

Премиерот Зоран Заев соопшти дека очекува предвремените избори да се одржат на 12-ти Април, додека консултациите за името на новиот технички премиер ќе ги започне најпрвин во партијата.

Тој потврди дека најголеми шанси имаат министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски и за труд и социјална политика, Мила Царовска, кои ќе останат без своите места во новата техничка влада.