Спасовски: Не бев министер кога беше распишана меѓународна потерница за македонскиот дипломат

18

Оливер Спасовски при денешната посета на Куманово рече дека не бил министер за внатрешни работи кога била распишана потерница по високиот дипломатски службеник Миле Миленкоски, кој беше иапсен изминатиот период откако во 2018 му помогнал на братот на ерменскиот претседател да пребега од Ереван во Виена, иако се барал од ерменските власти за проневера на околу 7 милиони долари.

Македонското Министерство за надворешни работи изминатиот викенд потвди дека дипломат е приведен во Србија на 27 август годинава. За апсењето, МНР е официјално известено од српското Министерство преку Амбасадата на Македонија во Белград.

– Меѓународната потерница е распишана од Ерменија на 25 февруари 2020 година. Во тој момент јас сум претседател на Владата, а министер за внатрешни работи беше господинот Наќе Чулев. Што во тој момент е направено – дали е известено МНР, или не е известено, јас немам детални информации. Сега кога се случи овој настан, ние сме информирани преку нашиот сектор за меѓународна соработка за тоа што се случило и информациите сме ги пренеле до МНР, одговори Спасовски на новинарско прашање.

Спасовски додаде дека истрагата се водела во Ерменија, а не во Македонија и дека меѓународната потерница била прикачена во МВР веднаш по барањето од Интерпол.