Спасовски: Телеграм не соработува, тоа ни е дополнителна потешкотија во изведувањето на доказите

16

За Јавна соба се приведени четири лица, одземени се телефони и други електронски уреди кои ќе бидат вештачени.

Министерот за внатрешни работи Оливер спасовски очекува вештачењето да заврши денеска, најдоцна до утре.

„Тоа ќе биде доставено до јавното обвинителство. Секако дека се идентификуваат и други лица кои биле членови на Јавна соба“, рече Спасовски.

Според него, хендикеп за истрагата е некомуникацијата на платформата Телеграм.

„И покрај повикот и од премиерот, и од мојот повик дека ќе преземеме и други конкретнио чекори против платфортмата Телеграм доколку не реагира, се избриша оваа група Јавна соба, но комуникација се уште нема никаква од страна на Телеграм, и тоа е потешкотија во изведувањето на доказите и за МВР и за ЈО. Пред една година беа доставени сите барања и анализи кои беа можни од наша страна до Јавното обвинителство, а и сега многу ажурно и брзо МВР ги доставува сите анализи до ЈО. Се надевам, со ангажираност на сите, брзо ќе ги решиме овие случаи. Се надевам дека ОЈО ќе направи повеќе напори за многу поефикасно да се решат овие случаи, и да се покаже дека има некој кој ќе ги штити граѓаните и нивните права, пред се од злоупотребата на личните податоци“, рече Спасовски.