Спорниот закон за државјанство на маса пред Заев, Села, и Гаши

3

Спорниот закон за државјанство кој ја укочи работата на Парламентот денеска ќе биде ставен на маса пред премиерот Заев и лидерите на опозициските партии од албанскиот блок Зијадин Села и Африм Гаши.

Тројцата функционери денес во 11 часот треба да остварат средба на која ќе се обидат да изнајдат решение за проблемот за прашањето за државјанство.

Имено, премиерот преку ретроспективна правна практика ќе бара деблокирање на Собранието од албанската опозиција.

Заев ќе се повика на законот од 2004 година, кога над 2.500 Албанци добија државјанство преку две одредби за олеснување. Како и пред 16 години, ќе бидат поставени критериуми врз основа на кои ќе се добие државјанство.

Доколку се најде решение ќе се одблокираат и други закони меѓу кои се и оние за помош од четвртиот и петтиот пакет мерки.