Средба на првиот вицепремиер Груби со словенечкиот амбасадор Прескер

1

Билатералните односи, евроинтеграциите, процесот на уставните измени, сојузништвото во НАТО и стабилноста во регионот биле меѓу темите на разговор на денешната  средба меѓу првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и новиот амбасадор на Република Словенија,  Грегор Прескер.

Како што соопшти Кабинетот на Груби,  билатералните односи меѓу двете земји се оценети како одлични и дека ќе продолжат во духот на пријателство и соработка во многу сфери, вклучително и во  одбраната, сега како земји членки на НАТО.

-Република Словенија продолжува да дава отворена поддршка за продолжување на патот на евроинтеграциите, со што Груби му се заблагодари на амбасадорот Прескер велејќи дека овој пат е единствената и фер опција за Република Северна Македонија, но и за земјите од регионот, додека уставните измени се следниот чекор што мора да се направи за да се продолжи ова патување. Република Северна Македонија ги презеде сите неопходни чекори за постигнување на повеќегодишната цел за полноправно членство во Европската Унија, се наведува во соопштението.

На состанокот се дискутирало и за безбедносната состојба во регионот и двајцата соговорници оцениле дека местото на Западен Балкан е во големото европско семејство и дека сите земји треба да работат во оваа насока за повисок просперитет и сигурна иднина.