Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ромски фондации

0

Претседателот Стево Пендаровски денеска примил претставници на Ромската Фондација за Европа и Фондацијата Ромите за демократија Скопје.

-На средбата соговорниците го запознаа претседателот Пендаровски со планираните активности на фондациите коишто се насочени кон промовирање слободни и фер избори, зајакнување на гласачите Роми и унапредување на политичкото учество на ромската заедница, соопшти кабинетот на Пендаровски.

Шефот на државата ги поздравил нивните напори за зајакнување, развој и унапредување на правата на ромската заедници во нашата земја и пошироко во Европа.

Водејќи се од принципот на недискриминација, еднаквост и владеење на правото, а во насока на трајни системски решенија за подобрување на интеграцијата на Ромите во нашето општество, претседателот Пендаровски изразил поддршка за заеднички ангажман на сите релевантни чинители во државата.

– Целта на Ромската Фондација за Европа е преку инвестирање во политичко, економско и културно образование да ги зајакне ромските заедници во Европа, залагајќи се за еднаквост, правда и правичност за сите нејзини граѓани. Пристапот на Ромите за демократија Скопје, како дел од Паневропската мрежа што ја опкружува новоформираната Ромска Фондација за Европа, се заснова на три столба, едуцирање на гласачите, демократски дијалог и отчетност и политичко претставување, се наведува во соопштението.