Среќна нова година: Жена вложила 80 центи во казино, добила над 200.000 евра

86

Замислете вака да ви започне новата година! 40-годишна жена освоила повеќе од 200.000 евра на новогодишната ноќ во казино во градот Сен Мало во Франција, откако ставила само 80 центи во слот апарат, изјавил во неделата директорот на казиното.

„Станува збор за почетничка во коцкање и слот апарат, која била на одмор со нејзината мајка. Освои 209.715,20 евра, втор најголем џекпот на казиното од воведувањето на слот апаратите за игри на среќа пред 30 години“, рекол директорот на казиното „Barrière“, Франсоа-Стефан Верњ.

Инвестирајќи само 80 центи во саботата околу 17 часот, на слот апаратот се покажала шестцифрена сума.

„Луѓето често не сфаќаат што им се случило во тој момент. Таа беше малку изненадена, ја тргнавме настрана и ѝ понудивме чаша шампањ“, рекол тој.