Српската министерка Зорана Михајловиќ тајно се венча

4

Михајловиќ подолг период се среќава со Атанасковиќ, но својот приватен живот го крие од јавноста.

Потпретседателката на владата на Србија и министрка за транспорт Зорана Михајловиќ, се омажила тајно со бизнисменот Владимир Атанасковиќ, пишуваат српските медиуми.

Михајловиќ подолг период се среќава со Атанасковиќ, но својот приватен живот го крие од јавноста. Но новиот сопруг неочекувано се пофалил на социјалните мрежи и обелоденил дека се во брак.

Зорана и Владимир се познаваат од средно училиште каде што ја почнале својата љубов. Откако матурирале Владимир заминал во странство, а Зорана во меѓувреме се омажила и родила син.

По две децении повторно се среќаваат за една Нова Година и ја продолжуваат врската.