Српските медиуми пишуваат дека Чедо Јовановиќ има тумор – пристигнаа нови информации за неговата здравствена состојба

22

Во текот на вчерашниот ден се појавија нови информации за здравствената состојба на лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ.

Јовановиќ веќе шести ден е во болница, каде се јавил поради болки во пределот на градите и стомакот.

Како што беше претходно наведено, констатирано е дека на Јовановиќ, болките му ги предизвикува плеуритис – воспаление на белодробната марамица, како и дека добро реагирал на терапијата, односно дека е во стабилна состојба која не е опасна по живот.

Меѓутоа, денеска се појавија информации, според кои на Јовановиќ му бил дијагностициран тумор, за кој се верува дека е доброчуден. Наводно, туморот му бил пронајден на рбетниот мозок, пишува Курир.рс

Според изворите на Курир.рс, резултатите од стручниот конзилиум упатуваат на тоа дека туморот е доброчуден и може да се отстрани со операција, но за поставување на конечна диујагноза потребни се дополнителни испитувања.

Да потсетиме, Јовановиќ во јули минатата година исто така беше хоспитализиран, но тогаш поради коронавирусот и поради многу тешката клиничка слика.