Српски министер се фрли во публика од бината на предизборен митинг (ВИДЕО)

Предизборната кампања во Србија, која влезе во самата завршница бидејќи таму парламентарните избори се оваа недела, доби нова димензија.

30

За тоа е заслужен српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ со својот незапамтен потег на еден партиски предизборен собир.

Љајиќ е инаку претседател на Социјалдемократската партија на Србија и основач на Санџачката демократска партија, синоќа, понесен од атмосферата, се фрли од бината во публика како некаква рок-ѕвезда.

По скокот тој заврши во рацете на своите поддржувачи кои го креваа и спуштаа додека тој ги држеше рацете високо кренати.

Митингот беше одржан во Нови Пазар под името „Европски Нови Пазар – Расим Љајиќ“, а станува збор за последното партиско собирање пред неделните избори во Србија.

Инаку во Нови Пазар во последните 24 часа се забележани 28 нови случаи на зараза со коронавирусот, најмногу од почетокот на епидемијата, а во тој град има вкупно повеќе од 200 заразени.