Срѓан Ѓоковиќ – Федерер не може да прифати дека Новак ќе биде подобар од него

Таткото на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, Срѓан за српските медиуми говореше за кариерата на неговиот син, но и за ривалството со Роџер Федерер и Рафаел Надал и цела приказна околу тоа кој е најдобар во историјата.

9

„Федерер во моментов е најдобриот тенисер во историјата и тоа не е спорно. Но, тоа нема да биде уште долго. Со текот на годините тој и Новак развија меѓусебно почитување, но што мислите зошто Роџер игра уште тенис? Замислете човек во 40 година од животот уште игра тенис, кога може да оди дома и да се занимава со поинтересни работи. Но, бидејќи Надал и Новак му дишат во грбот тој едноставно не може да го прифати фактот дека тие двајца еден ден ќе бидат подобри од него. Му порачувам. Човек оди скиај, чувај деца, доста е од тенис“, вели Срѓан Ѓоковиќ.

Федерер се уште е лидер по освоени грен-слем титули во кариерата (20). Рафаел Надал има една помалку, додека Ѓоковиќ со освојувањето на Австралија опен годинава стигна до бројката од 17.