ССМ ДО РАБОТНИЦИТЕ: Не потпишувајте под присила или закана бланко договори за откажување на договорите

14

Синдикатот на работниците од угостителството и туризмот, СУТКОЗ, кој е во рамките на Сојузот на синдикатите на Македонија, најостро реагира на информациите дека најголем дел од угостителите вчера ги одјавиле работниците.
„Во текот на вчерашниот ден во јавноста беа пласирани информации дека најголем дел од угостителите ги одјавиле работниците, на што како синдикат најосторо реагираме.

Работодавачите од угостителскиот сектор, да не ги манипулираат работниците од овој сектор, а на работниците им укажуваме да не потпишуваат под присила или закана никакви бланко документи кои работодавачите ќе ги злоупотребат за откажување на нивните договори за вработување“, се вели во реакцијата од Суткоз.

Оттаму укажуваа дека спротивно на закон и на колективен договор е доколку работниците имале склучено договори за вработување, да се одјавуваат токму еден ден пред започнување на мерките со кои се ограничува работењето во овој сектор.

„Не е возможно токму вчера и денеска на сите работници да им завршила важноста на договорите за вработување доколку истите биле склучени на определено време.

За ваквите најави, Синдикатот на работниците од угостителството и туризмот – СУТКОЗ заедно со ССМ ќе поднесува пријави до сите надлежни инспекциски служби, како и кривични пријави со цел да се спречат таквите злоупотреби.

Работниците ги охрабруваме, сите прекршувања на нивните работнички права да ги пријават до СУТКОЗ и ССМ за да можеме навремено да интервенираме и да ги зачуваме нивните работни места“, се вели во реакцијата од Синдикатот на угостителите.