ССМ контра Бизнис Конфедерацијата околу измените на Законот за работни односи

33

Сојузот на синдикати смета дека Предолг измените на Законот за работни односи , во делот за недела да биде неработен ден, го ограничуваат правото на работниците да не работат во недела и отвораат можност тоа дополнително да се уредува со секоја дејност и работодавач. А, од Бизнис Конфедерацијата на Македонија, со контра став дека во интерес на кревката економија и ликвидност, листата на дејности треба да се прошири за да се зачуваат работните места, а не за да седат дома работниците.

Предлог измените и дополнувања на Законот за работни односи , за недела да биде неработен ден, кој го изготвија во МТСП, не оди во правец на уредување на ова право на работниците, велат од Сојузот на синдикати на Македонија. Според нив , со овој Предлог-Закон, се уредуваат варијанти и можности со посебните закони и колективни договори, со што дополнително се ограничува правото на работниците да не работат во недела, потенцираат од ССМ.

Сојуз на синдикати на Македонија:

Законот за работни односи е основен, базичен закон за правата од работен однос и во истиот треба да се регулира ова право за работниците, а не да се остава можност тоа дополнително да се уредува во секоја дејност и со секој работодавач, посебно.
Евентуалните исклучоци од законски регулираното право, недела да биде неработен ден за сите работници, треба да се уредат со Законот за работни односи , врз основа на анализа за нужните дејности, каде работниот процес мора да се одвива континуирано, без прекин во недела, утврдени од трипартитното работно тело, формирано од социјалните партнери на ЕСС, сметаат од Сојузот на синдикати. Тие предлагаат работниците кои ќе работат во недела задолжително да добијат зголемување на основната плата по час, најмалку за дополнителни 50%, како и право за слободен ден во текот на работната седмица.

Од Бизнис Конфедерацијата со спротивен став . Кревката економија не смееме да ја уништуваме како и намалената ликвидност на компаниите, велат од Бизнис Конфедерацијата на Македонија. Според нив, има контрадикторни одредби во Предлог – Законот и бараат да се прошири листата на дејности што треба да работат во недела, за да се зачуваат работните места, а не работниците да седат дома.

Да не ја заборавиме како прво прекуграничната услуга која ја имаме- стоматологија, продажба, ресторани, казина и т.н. Тие директно влијаат на полнењето на буџетската каса низ придонесите и низ даноците. Исто така шопинг моловите се преполни за време на викендот, без оглед дали е поголемо нивото во сабота или во недела. Кај нас е концепт кој се планира и кај компаниите и во менаџментот на човечките ресурси и кај потрошувачите.И сега како дел од причините ние треба да исечеме една голема гранка на услуги и да влијаеме на намалување на работните места – Миле Бошков- претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија.
Од МТСП со одговор дека Предлог измените на Законот за работни односи , за утврдување на недела како неработен ден е во работна верзија, испратена до Владата, синдикатите и коморите. Утре засегнатите страни ќе имаат работна средба , за да се слушнат нивните коментари и да видиме дали истите се прифатливи, дополнуваат од МТСП.